Британскиот главен преговарач за Брегзит, Дејвид Фрост денеска изјави дека Велика Британија повторно ќе биде целосно независна земја од 1 јануари.

– Нашата земја повторно започнува нов патување како целосно независна држава од 1 јануари. Нашата иднина и нашиот просперитет се во наши раце. Уверен сум дека ќе напредуваме и ќе успееме, напиша Фрост на Твитер.

Трговскиот договор е постигнат денеска, една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години откако Велика Британија излезе од ЕУ.