Противпожарната екипа на Струмица излезе со официјално соопштение по синоќешниот пожар што го зафати молот „Глобал“, а во кој изгореа десетина продавници и тезги во внатрешниот дел од шопинг-центарот.

Од ТППЕ Струмица објавуваат дека пожарот се гаснел од три влеза, а противпожарни екипи пристигнувале напомош од сите краишта од Истокот на земјата.

Синоќа, (сабота) 02.01.2021 година во 23.12 часот избувна голем пожар во ГТЦ Глобал. ТППЕ Струмица веднаш по првата дојава излезе на лице место. Согледувајки ја сериозноста и големината на пожарот веднаш е извршена мобилизација на целиот состав на единицата и тоа 38 пожарникари спасители и 6 ПП возила. Побарана е помош од ТППЕ Радовиш со 3 ПП возила и 6 пожарникари спасители, ТППЕ Кавадарци со 3 ПП возила и 8 пожарникари спасители, ТППЕ Валандово со 3 ПП возила и 4 пожарникари спасители, ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители и ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни за дотур на вода. Извршено е гаснење на пожарот од три влеза и тоа од ул.Ленинова, ул.4 Јули и ул.Васил Сурчев. Пожарот е ликвидиран во 03.50 минути – велат од ТППЕ Струмица.

Оставена е дежурна екипа заради догасување на одредени жаришта во приземниот дел. Причинета е огромна материјална штета – се наведува  соопштението на ТППЕ Струмица.