Струмица вчера во еден ден доживеа два настани, на кои реагираат граѓаните не само од овој град туку и пошироко во Македонија.
Дента премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се пофалија на социјалните мрежи со селфи со најнови модели на четирицикли, направени на планината Беласица во релаксирачка атмосфера.
Вечерта, пак, се случи пожарот во струмички Глобал, кој екипите не можеа да го изгаснат до рано утрината.
И додека четирицкилите со кои се возеа премиерот и министерот со нивните блиски, кои чинат и до 50 илјади евра, во гаснењето на пожарот се користеа „модели“ кои одамна се за во отпад, како што беше ФАП-от што гасеше пожар и можеше да се види од фотографиите во медиумите и на социјалните мрежи. Овие цистерни се од пред половина век, во употреба се ФАП-ови цистерни произведени во 1966 година.
Како што е познато, актуелниот премиер Заев беше обвинет, а потоа и аболициран како градоначалник во чие време е граден Глобал.
(Д. Г.)