Пред неколку години тим археолози чистејќи песок од еден антички египетски гроб откри повеќе скршени грниња. Едно од нив содржеше мистериозна бела состојка.
Една нова анализа објавена во магазинот Аналитичка хемија, наведува дека тоа што било откриено за време на ископувањата, е парче сирење старо околу 3200 години, што всушност се смета за најстар таков примерок.
„Археолозите сметаа дека станува збор за храна, според конзерваторскиот метод и позицијата на откритието во гробот, но откривме по првата проба дека станува збор за сирење“, изјави Енрико Греко, еден од авторите на текстот кој работи на Универзитетот во Пекинг.
Гробот кој е ископан му приаѓал на Птахмес, висок египетски функционер од 13. век п.н.е. и поранешен градоначелник на Мемфис. Неговото гробно место е откриено во 1885 година, но било загубено заради преместувањето на песокот и повторно откриено во 2010 година.
Античкото сирење, кое понекогаш се користело за време на постот, се закопувало заедно со богатите Египќани, најверојатно по вкус е слично на козјото сирење, но со „навистина кисел вкус“, смета Пол Киндстед, професор од Универзитетот во Вермонт, кој студирал хемија и историја на сирењето.
-Било многу течно, се размачкувало, не траело долго, се расипувало брзо, вели тој.