Министерот за правда не им верува на своите очи и на фактите кои денеска се изнесени за убедливо најголемиот, историски, резултат на актуелната власт во корупцијата, па фрла поглед со розови очила врз фактите кои денеска се објавени.
– Верувам многумина ќе се согласат, не може ситуацијата со корупцијата да е полоша од 2015-та или 2016 година, кога ние практично имавме заробена држава и имаше експлозија од коруптивни афери. Едноставно сите информации упатуваат дека денес во С. Македонија не може да има повеќе корупција од пред четири- пет години. Ние имавме големи коруптивни скандали во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кои не се решени до денес и затоа перцепцијата на граѓаните е таква каква што е. Неказнивоста кон одредени коруптивни случаи, сега се сфаќа како ние да ја поддржуваме корупцијата. А завршницата на тие коруптивни случаи не е работа на владата, туку на правосудните органи, изјави Маричиќ, во емисијата „Вин вин“ на ТВ Телма.
Тој заборава дека „пупката е отворена“ од актуелниот премиер уште пред Маричиќ да стане министер на овој ресор.
– Проблемите не можеме да ги сокриваме, мораме да ги решаваме. Секој случај што го имаме го предаваме понатаму, до надлежните институции, дали е обвинителство, дали е некој друг орган, но понатаму тие треба постапуваат. Мора да имаме систем и не можеме да очекуваме дека политичарите ќе средат се во државата, рече Маричиќ.
Таква е перцепцијата за корупцијата од министерските фотелји. Бившиот „режим“ е виновен и за денешнава корупција, со СЈО, со сликањата со Боки 13, со отпуштањето од затвор на осудени за убиства, со скапите тренинзи за магариња, со делењето пари од државни фондови за иновации и пронајдоци на снашки, со стипендиите на министерски ќерки…
Има уште премногу афери и скандали, кои ги направи актуелната власт, но кога се ставаат розовите очила и за нив е виновен „режимот“.
(Д.Г.)