„…Во меѓувреме Хрватска го одложи пописот, соседна Бугарија го одложи пописот, Србија го одложи пописот, Германија исто така, Романија… бидејќи таму им се важни животите на луѓето, за разлика од нашата Влада на која не и се битни животите на луѓето. Тие се подготвени преку живи луѓе да газат, само за да дојдат до целта, а таа е како да го опљачкаат овој народ, истакна Мицкоски денеска по средбите со занатечиите во Старата скопска чаршија, во изјава за новинарите на прашањето за пописот.
-Ништо нема да смени ако го одложиме пописот за некој месец. Немојте да ги загрозуваат животите на луѓето, за да украдете пари. Доста му е на овој народ од криминалци, без разлика дали се од СДСМ, ДУИ, од некоја друга политичка партија па дури и од ВМРО ДПМНЕ. На народот му е преку глава од криминалци во политиката. Затоа нашиот апел е ако веќе сакаат насилно да го протуркаат овој процес, тој да биде електронски, изјави Мицкоски.