Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел од денеска до 6 февруари е во посета на Москва, каде со руските власти ќе разговара за односите меѓу ЕУ и Русија и за уапсениот опозиционер Алексеј Навални.
Како што претходно изјави портпаролот на ЕУ, Питер Стано, за време на посетата, Борел сака да се сретне со рускиот опозиционер уапсен на 17 јануари, откако се врати во Русија од Германија, каде со месеци закрепнуваше од труење со нервен агенс.
Шефот на европската дипломатија го осуди апсењето и пресудата против Навални, оценувајќи дека тоа е спротивно на меѓународните обврски на Русија во областа на владеењето на правото и основните слободи.