Нови 404 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 2.727 тестирања.

Починати се осум лица од кои најмладиот е на 53 -годишна возраст. Оздравени се 101 пациент.

Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство, најголем број од новозаболените се од Скопје – 180 по што следува Охрид со 32, Кавадарци со 19, Куманово со 16, Струмица и Струга со по 15, Прилеп -11, Тетово -10 , Велес – 9, Штип – 8, Дебар и Ресен по 7, Кочани, Гевгелија и Делчево по 6, Гостивар – 5 , Кичево, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Берово, Пробиштип и Валандово по 4, , Крушево – 2 , Свети Николе, Демир Хисар , Македонски Брод , Кратово, Македонска Каменица и Дојран по 1.Од починатите пациенти, двајца се од Скопје (53, 60 години), а по еден смртен случај е регистриран во Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш (79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, а на починати е 2.916. Бројот на активни случаи изнесува 7.948. Досега направени се вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19.