Ѓорѓи Илиевски

Виш просветен инспектор

Претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), ја најавија заедничката иницијатива “Преосмисли ја иднината“, чија цел, како што стои во иницијативата на децата и на младите, е да им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации.

Па, претседателот Пендароски ќе рече: „Денешната генерација на млади се соочуваат со голем број предизвици. Но истовремено тие се најинформираните и најдигитализираната генерација во нашата историја која има уникатна прилика да направи нешто за својата иднина. Наша должност е да ги слушнеме нивните ставови, затоа што  нивните идеи се важни…“. Можне добро срочено и кажано од страна на претседателот Пендаровски.

Да го потсетам претседателот Пендаровски:

Но, претседателе, наспроти ова, да Ве потсетам за загрижувачката состојба за младите. Имено, 44,7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени. Тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека ова тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државата по завршувањето на студиите“ (според магазинот „Економист“).

Понатаму, според „Економист“, „Македонија се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на млади луѓе од 15 до 24 години. Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отсто се пред Македонија“ Ова е поразителна статистика која што ја објавува „Економист“. Значи, да повторам, Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.

Во земјите во регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно за 16 места подобра, на 19-тото место со стапка на невработеност кај младите од 32,1 отсто, Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска на 34-та со 25,5 отсто“.

Исто така, загрижувачка е и вашата изјава, претседателе, цитирам: „Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава“. Тоа е државата која во која во време на дадената изјава просечна плата е 400 евра (изјава на Регионалниот форум на млади лидери во Нови Сад (2019).

Со вашата изјава, претседателе, каква перспективност и мотивираност испраќате.

Но, кога младите гледаат дека не функционираат правните институции, кога царува криминалот и корупцијата во секој сегмент од општесвеното живеење и делување, друго и не им останува.

Да одиме понатаму. Претседателе, дали слушнавте за малиот Дамјан, она генијалното детенце од Штип, кое на средношколски математички натпревар како осмооделенче освоило прво место. Но поради некои „правни глупости“ на МОН, Дамјан не може да ја добие заслужената награда! Младите ви поставуваат прашање, за какво образование се залагаме?! Полна и е устата на Цароска за квалитетно образование, креативност, творештво… Претседателе, што правите за Дамјан и други како Дамјан кои што ги има во Македонија, ама се се низок социјален статус. Одговорот на младите е јасен: „Си одиме таму каде што може да се реализираме и бидеме соодветно третирани и исполнети како млади“. Младите ги гледаат и различните аршини за оние кои се од пониските социјални слоеви и оние недопирливите, добивање на различни стипендии или добивањето награди за величење на УЧК за „патриотски песни“, а гледаат и дека за Дамјан и други како него нема награда. Сега претседателе Пендаровски, кажете, каде е перспективата и иднината на младите?

И на крај која е перспективата на младите кога гледаат дека со Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) во 2020 година, Македонија бележи најниски резултати  и најниско рангирање. Македонија се наоѓа  на 111 место со 35 поени од вкупно рангираните 180 држави од целиот свет. Коруптивноста на институциите во Македонија, коруптивноста на судството, високата корупција и недопирливите за органите за прогон, партизирање и пазарење  во постапките за вработување и слично.

Господ напомош, претседателе!