Село во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез беше евакуирано откако  во близина избувна шумски пожар, кој почна да се приближува до семејните куќи, објави „Катимерини“.

Деведесет пожарникари, со 30 противпожарни возила се борат со пожарот во Дафниотиса, во близина на градот Амалијада, потпомогнати од три противпожарни авиони и еден  хеликоптер.

Како што пренесува агенцијата АП, пожарот избувна во близина на местото Дафниотис.

Американската агенција додава дека поголемиот дел од пожарите избувнуваат поради невнимание и денес полицијата уапси еден грчки пар кој ненамерно предизвика пожар на Крит.

Во шумските пожари кои минатиот месец го опустошија летувалиштето на Атика загинаа 96 лица.

Во тек е истрага за причините за пожарот и за тоа дали властите адекватно реагирале на пожарот кој беше најсмртоносен во Грција во последните неколку години.