Привлекуваме врвни странски претприемачи и експерти, да работат од нашата земја – формирана работна група во рамки на МВР која работи на предлози за промена на законската регулатива, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Денеска остварив средба со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, разговаравме за обезбедување на законски предуслови за т.н. далечинско работење на лица од територијата на РС Македонија, а на средбата присуствуваше и државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска, како одговорна за проектот. Создаваме европски стандарди преку имплементирањето на овој проект, придобивки ќе има нашата економија, и се овозможува РС Македонија да стане регионален стартап хаб, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.

И додека и МВР „вработува и работи на развој на економијата“, во Македонија без работа и на улица останаа педесетина илјади работници.