Фејсбук најави дека ќе ги блокира профилите на сите лица поврзани со армијата на Мјанмар.

Таквата одлука уследи откако претходно беа блокирани неколку страници и државните медиуми, контролирани од армијата на Мјанмар.

– Настаните по воениот удар, вклучително и полициското насилство и смртните случаи ја наметнаа забраната. Сметаме дека е голем ризик да и се дозволи на армијата пристап до Фејсбук и Инстаграм, се наведува во соопштението на Фејсбук.

Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.

Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и именува 11 нови министри.