Никој друг нема да ја толкува нашата историја, а учебниците по историја и географија ќе ги пишува само државата Србија, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој денеска најави на почетокот на следната недела ќе поднесе иницијатива само државата да може да ги составува учебниците по српски јазик, историја и географија. Српскиот претседател вели дека знае „дека поради оваа иницијатива ќе има напади од тајкуни и некои амбасадори, кои ќе тврдат дека ја нарушува слободата на пазарот“.

„Никој друг нема да ја толкува нашата историја. На ним и нивните мајки нека им одзема дете, па да кажат дали е добро тоа“, изјави Вучиќ.

Оние кои не се среќни со одлуката вели дека може да се жалат во ОН, ЕУ, но дека тоа нема да се промени. Претходните години имаше забелешки дека во учебник по историја имало навреди за други народи.