Маж (80) бил спасен од урнатините на неговиот дом каде, по силниот земјотрес од 6,3 степени што ја погоди Лариса денеска, паднал ѕид, пренесува скопскиот портал Прес 24.

Ѕидот се срушил во куќата во Месохори во близина на Еласона, каде што беше епицентарот на земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала.

Според грчките медиуми, неговата сопруга успеала да се спаси и да добие помош. Пожарникарите веднаш излегле на лице место и го извлекле човекот, кој имал потешкотии со движењето. Според првите информации, тој не бил сериозно повреден, јавува Прес 24.

Спасувачките екипи сè уште се на теренот околу Лариса. Досега не пристигнаа информации дека земјотресот предизвикал голема материјална штета. Нема информации и дека има жртви.

Во Македонија земјотресот бил со сила меѓу 3 и 4 степени спред Рихтер. Лариса е 170 км оддалечена од Дојран и Гевгелија.