Дваесет и девет лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во периодот од 22:00 до 05:00 часот, а 18 од нив биле на територијата на Скопје, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 544 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.