Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Евгениј Иванов изјави дека Русија не планира да побара од странските државјани потврда за вакцинација против коронавирусот за добивање руска виза.

При издавање визи на странски државјани, кои, според одлуката на оперативниот штаб, можат да патуваат во Русија, бараме ПЦР-тестови. Прашањето за сертификатот не се разгледува, рече Иванов.

Претходно, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека идејата за воведување ковид-пасоши во Европската унија е во спротивност со правилото за доброволна вакцинација.

Претставници на Кремљ посочуваат дека е рано да се зборува за воведување сертификати за вакцинација во Русија.
Агенцијата Блумберг објави дека ковид-пасоши може да започнат да се издаваат во ЕУ за три до четири месеци.