Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил по објавувањето на неофицијалните резултати од вториот круг на вонредните локални избори во Општина Брвеница.
-Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа. Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата, стои во постот на Мицкоски.
Нагласува дека „една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“




