Андон ЧИБИШЕВ
Цела година живееме во пандемија, а за жал од надлежните институции не гледаме ништо друго освен неспособност. За цело време на пандемијата, здравствените работници се соочуваат со недостаток на медицинска заштитна опрема. Добар дел од опремата сами си ја купувавме, за да можеме заштитени да се појавиме на работните места и да се заштитиме од хоророт што го предизвика вирусот.
Додека СЗО апелираше да се тестира што повеќе, ние тестиравме во ограничен број и со тоа имавме ограничен број инфицирани и ги принудивме граѓаните самите да плаќаат фантастични 6 000 денари за да можат приватно да се тестираат.
Тоа беше огромен пропаст зашто ја пропуштивме приликата навреме да ги дијагностицираме пациентите и да го ограничиме ширењето на вирусот.
За цело време имаме недостаок од соодветна терапија и одредени медикаменти, ама на приватно граѓаните можеа во аптеките да ги набават потребните лекови што им беа потребни да се лекуваат. Имаме уште еден проблем. Цела година живееме во епидемиолошка агонија, а немаме воодначени протоколи. Тоа секојднево го кажуваат матичните лекари. Ним им беше оставен голем дел од товарот и ја користам приликата одовде да им оддадам голема почит.
Браво за колегите кои сега, кога имаме и недостаток на вакцини, кога цел свет брои вакцинирани, ние броиме новозаразени и починати што е катастрофално.
Од пред неколку месеци добиваме ветувања дека ќе добиеме вакцини од нашите пријатели од ЕУ. Не добивме. Ни беше кажано дека сме направиле договор со одредена фармацевстка компанија и дека вакцините само што не пристигнале. Арно ама вчера дознавме дека немало договор.
Ветуваа вакцини на крајот на декември. Не добивме. Па јануари, па февруари, сега ветуваат за крајот на март. Или почетоот на април. Ама со резерва, што значи ќе останеме така, да се снаоѓа кој како знае и умее.
Пандемијата прменогу трае и имаме преморен персонал. За жал многу од нив го пооминаа хоротот со инфекцијата, некои за жал ги изгубивме, но состојбата и натаму се влошува.
За крај сакам да ги повикам колегите до Комисијата за заразни болести, да се одважат, да седнат и да донесат одлука да и предложат на Владата да го одложи пописот во април. Вие знаете дека последиците од пописот ќе бидат катастрофални. Благодарам.