Пишува: Гоце ДЕЛЧЕВ
Право нека биде муабето, ама не можех да ви пишам вие денове. Викендо Јанка моја запна џамове да бришам, и, нема дека да избегаш. Земах весниците, пљунах у тоа џамо… Мале, ка рипна! Ним ус пљунка, средство земи, викна по мене! 21 век стана, не е воа 1903-та! Ама ним ут тие наште, странско средство да биде… Тие наште се’ апашаана, вода турувале повечко, а и верно е, од дека да знајш шо стават вн’тре.
Добро. Земах средството за џамове, испрсках џамо, земах веснико… Ка свика: Ним бриши тоа бе Гоце, тоа не е џам, телевизор е тоа! Ја беги тамка, вести глеам!
Ај, анасана, од дека јас да знам. Па оште Јанка вести гледала. Лакире си ноктите, научи тука и лак шо е и зашо служе, турила некои витлере на кос’та и вести гледе. Ја ус крпа на главата, џамове бришам. Малееее, дека го има воа? Само ув рајо. И на Земјата, разбира се!
-А кој е воа? – питувам ја.
– Водител – вика ми.
-А шо е тоа?
-Е, он чите ги вестите, друг шо и направил!
Чудам се и питувам:
-Е, добро Јанке, а зашо не и чите тоа шо и направил?, питам ја Јанка, оти она по паметта е, јаска бех ус пушката! Знајте как одат тие работи!
-Види, Гоце, тоа шо и правил, тоа знае да направе вести. И тоа слабо, ама пак колко-толко, ама не знае да и чите. А воа шо знае да чите, не знае да праве вести! Ни арни, ни лоши. И така! Не е воа като на времто ув социјализмо, кога’ мерак беше да и слушиш тие шо читаа! Јасно ти е сега?
-Аха – викам и јас. -Добре. Ај тоги јаска да си бришам џамовете. Ама, немам весници повечко Јанке!
И видех- не видех, одех да купам други. Арано ама, кажуве ми продавачо – остави и’, не бришат арно. Нити и чете некој, нити и земуве за џамове. Не бришат. Поарно крпа земи си.
Добре, викам му. Ами, гледам пие ракија, па викам му: Тури една и на мене!
Тури човеко, напијах се, една, па оше една, па полека-полека, одех си дома. Ама пусто, мирисна ме Јанка. Пијал си, вика ми. И цигари’ пушил си! Нели ти е срам, смрдиш целио, небањат, не џабе те викат вмровец. И тебе и тија твојте!
-Јанке, велам и’ – покроце малко. Там доле, по учебници ме учат, комисии, држави’ за мене се расправат, а тука глава не можам да кренам. И, да знајш, тие мојте вмровци, не се повечко небањати. Избањати се, намирасани, од километар мирисат. Да беа ув мое време, они ув Кукуш, Турците и Грците ут Солун ќе и намирисаа. Знајш тоа мирисо ут Рубин Кармин шо беше, б’лгрска роза, е исто като него мирисат. Ка ќе се напрскат, па и тие од СДСМ на Зајако, едни ус ракија – пијани трештат, друзи ус „европска роза“, оти тие Европјајне се! А таа смрде ли, смрде, таква Бојко однел поклон на тие ув Брисел… И, ка ќе се напрскат и едните и друзите, не ду Солун, Јанке, ду Стамбол мирисат. Така да, ним на мене небањат да викиш. Него, оди тури една ракија, и извади мезе’. Ама, ним домати и пиперки. Прасе Јанке, глеам дека тоа Србите… Да знајах, за них да загинам, не за воа наште треваре, та ја Македонци биле, ја Блгари.
-Ти будала’ ли си!, ми вике. -Знај ако некој ти го чуе воа лаф… Оште утре ќе кажат, Гоце предаде ја Македонија за едно печено прасе.
-Јанке, ми виа за шо ја продадеа. А јас прасе посаках ус ракијата, смачи ми се од френки и чушки. Од дека сеа испадна другио маабет!
-Од дека? Абдал един. Ти блгарската телевизија гледиш ли? Ув Скопје ја пуштија. Грцка гледиш ли на интернет, а? На Евровизја знајш ли таа твојта Македонска телевизија ус вмровски директор кого ќе пуште? Народо гледе, Гоце, гледе. Него, ај, ој брише џамове, да беше арен за друго… Ја оште некој нокт имам!
И видех-не видех, фанах крпата, испрсках средството и – бриши Гоце, викам си, бриши.
После, ка заврших, ај една мастика да се напијам, за чиро, велам си… И, шо е право – право е, извади Јанка месо за мезе’. Ја, ставам тоа маленкото десно р’ченце на срцето като Зајко, и гледам така малко накриво ус глаавта, дека така’ беше! Е сеа, не извади прасе, тики грклан ут кокошка, другото уз ориз направила го, ама пак… грклано и мастиката завршија работа.
Е, после, земах усисивачо, поминах теписите ус него, оти не ја биве… Тука, се некои персиски килиме дават, ако не поминиш на секои втор ден, бербат се праве дома.
И видех, не видех, усисах. Шо да правам! На Јанка завршија и вестите, почнаа и сериите. Јаска знам турски, ама молчам си. Нека и слуше она вие наште. Нека има занимација жента. А, и јаска погледам по некои п’т. Ја ги едни, чекам ги година дена да се бакнат. Викам си, ваа сериа като у мое време да е снимана, не ув 21. век.
Ама пак, чујах и јас нешто од вестите. Тоа едното момче, слушам го, кажуве – имал право и он на одмор да оде и земал жен’та – право ув Дубаи. Три дена одмор, ут тија три дена – два дена на п’т. Ако дете, да одиш, велам си. Следнио викенд, товари си жен’та на рамо и оше едн’ш оди ув Дубаи. Нека цркнат виа сељаци неписмени. Завидливи ти се, оти бореш се ус корупцијата. Ја, брат ти знае. Тоа шо има фирма. Нели?
Само, ним като тоа другио в Мексико да одеш. Далеко е. Плус петнајсе дена! Не биве. А работил си. Не е дека не си работил. Само една работа не ми иде на чисто в ак’ло и не ми е јасна: Ако ти си работил по шеснајсе саати на ден и одил си за тоа три дена в Дубаи, по колко е работил тоа белио шо ојде петнајсе дена да ја носе жената му дури в Мексико? И таа некоја специјална невеста, па роденден в Мексико? А? Вие друзите жени, тие глупави ли се па носат ги ув Дојран? А, пак, колко саати е работил тоа? Ми човек, толко саати дено нема. Осим ако не се изменило нешто!
Него, ај остави ги, си велам, Гоце, тие човеци, м’ка си имат. Лесно ли е да ојш ув Дубаи или Мексико ус сите тие торби. Сеа не е като в мое време – една-две бочви и толко. Не џанам, сеа пет носат ус сед’м се врнуват. Јанка гледе ут тука и се си говоре: Оти јас не се родих уф тоа време, ами се родих за живото на воа Гоце?
И кажа ми:
-Гоце, за воа ли загина ти!
-Еми, шо да правам, да одам оште еднаш да ме отепат! – бранам се.
-Не, вика ми, не да те отепат. Воа п’т, оди сам да се отепаш. И тоа не едн’ш, ами два п’ти!
И право е жента. Ние мрсници, трчаме пу шуми, гониме Турци, па Грци, па тепаме се и ус Бугарите… А види и вие. Ем собраа уд народо се шо ќе стигнат, ем женте ус гердајне и наредија. Способни некои човеци, мамката им…!
Е, доста е за вадн, само оште да ве питам как е тоа Филипче? Вакцинира ли ве? Не? Ми, можда не му плеските доволно силно. Ја испаднејте ваа вечер пак на терасте, посилно удрејте! Аплауз, човеци, аплауз. И нова песна испејајте му! На шо личе воа. Е сеа, не кажале џабе – уд абдал, полоши се само друзите абдале шо мислат дека воа првио не е! Ама, ај, мож’ ќе ја биде! Ако не, п’то тука не ви гине! Донесејте само поарни весници и некое поарно средтство за џамове ако има!
Така! А сеа, ај, останајте ми ус здравје, вие шо ќе останте, кажах ви, тие друзите ќе дојдат тука. Јас одех да пијнам оше една мастика, оти ја, Јанка при крај е ус тоа ноктите. Одам да дунам да се исуше тоа лако поскоро. И каве да и сварам, грбо да и го истријам, укочи се жента лакирајќи се. Ка не можам в Дубаи да ја носам, бар да направам нешто друго!
Така’! За крајта, поздрав мои калпазани, Северни и Македонци! И шарени, да не и забравам!