Синот на Зафир Хаџиманов, Васил, на Фејсбук им возврати на сите оние кои деновиве оставаа недолични коментари поврзани за трагичното заминување на неговиот татко.
-На сите болни кои овде оставаат срамни коментари им порачувам дека мојот татко замина од овој свет како последица на болеста. Како тежок срцев болесник не можеше да ги издржи последиците од коронавирусот. Дозата ја прими еднаш, што да знаете не е доволно за да се зашитите од оваа страшна болест. Доколку видам уште еден сличен коментар овде или било каде, лично ќе се погрижам да ве најдам и да ве научам на памет за тоа како се однесува и што не се изговора и не се пишува на ѕидот на покојниот. Срамота нечовечка!“, стои во пораката на Васил.