Потпретседателот и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска изјави дека закон кој одобрува давање на државјанство само со три сведоци и намалување на критериумот за континуиран престој од 8 години во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи.
– Ваков закон ние не можеме да подржиме. Закон во кој што државјанство се дава не само со тројца сведоци туку во законот јасно пишува за да некој се квалификува за да добие државјанство мора да има 8 години континуиран престој во Република Македонија значи тие бараат тоа да се намали. Критериумите по кои што се утврдува престојот исто така да се намалат ние со тоа не можеме да се согласиме, појасни Николоски.
Николоски потенцираше дека доколку се поднесе друга процедура согласно со европските правила а тие се минимум 8 години со јасно докажување на континуирано живеење во државата тогаш ВМРО-ДПМНЕ е спремно да дискутира но дека ваков закон каков што е сега не може да прифати.
– Доколку поднесат во друга процедура закон кој што е согласно европските правила а тие се минимум 8 години со јасно докажување на континуитет плаќање на даноци, плаќање на сметки и евентуално посета на образовни институции тогаш е работа за која што можеме да дискутираме. Но ова што е сега не можеме да го прифатиме, заврши Николоски.