Маж од Филипините почина откако беше принуден да направи 300 чучњеви поради непочитување на полицискиот час. Ова е последната жртва на, според многумина – бруталниот пристап на државата кон спроведување на ограничувачките мерки воведени поради Ковид-19.
Дарен Манаог Пенаредондо излегол од дома за да купи вода. Полицијата го запрела и му наредила да направи 100 00 чучњеви како казна. Потоа бил принуден да го повтори тоа и така, направил 300 00 чучњеви. Потоа паднал во несвест, па во кома и во саботата починал.
– Тој имаше сериозни напади во саботата, но успеавме да му помогнеме. Потоа повторно се онесвести, а подоцна падна и во кома, сведочи член од неговото семејство.
Од почетокот на пандемијата, на Филипините се регистрирани 819.000 заразени со Ковид-19 и вкупно 14.000 смртни случаи.
Министерството за внатрешни работи и градоначалникот на градот Генерал Триас наредија истрага за смртта на Пенаредондо.