Со неполни 2 години, Бен Нидам од Шефилд во 1991 исчезна на грчкиот остров Кос. Полицијата дури 27 години открива што се случило со момчето.
-За време на истрагата која ја спроведовме во изминативе 19 месеци, исфрливме најголем број од теориите за тоа што му се случило на Бен а кои кружеа во изминативе 20 години. Свесни дека механизација и багер биле користени за да се исчисти подрачјето на фармата во која семејството Надам го реновирале во текот на јули 1991 година. Веруваме дека Бен починал во несреќа на имотот, објаснил во понеделникот Џон Кусинс кој ја води истрагата.
Пријателите на возачот на багерот кој го чистел подрачјето на куќата на денот кога малото момче исчезнало, веруваат дека можеби тој е виновен за смртта на Бен. Возачот Константинос Баркас вистината за смртта на Бен со себе ја однел во гроб, откако минатата годна починал од рак.
И полицијата работи на теоријата дека возачот случајно го прегазил детето додека работел на фармата, а потоа во паника ги сокрил доказите недалеку од местото каде што работел. Тим на полицајци, форензичари, археолози и спасувачи потрошиле 21 ден копајќи во близина на куќата на фармата како и на уште едно место оддалечено околу 750 метри од местото на несреќата.
Инспекторот Кусинс рекол дека за време на новото пребарување во саботата, пронајден бил предмет кој припаѓал на Бен. Предметот е најден во близина на уште еден предмет кој исто така припаѓал на Бен а бил пронајден во 1991 година.
-Пронаоѓањето на овој предмет и локацијата на која е пронајден се совпаѓа со верувањето дека Бен починал во несреќа, појаснуваат во полицијата.
Родителите на Бен, долго време верувале дека нивниот син бил киднапиран, се известени за новите докази.
-Знаат дека е мртов ама не можат да го најдат. Полицијата смета дека е време да се оконча 27-годишната потрага. И имаат право, ама не можам да кажам збогум се додека тој се наоѓа некаде на тој остров. Се чувствувам навистина лошо. Некој мора да знае каде е, рекла мајката на Бен, Кери Нидам и додала дека ќе го преврти островот наопаку за да ги најде неговите останки.