Вкупно 190 сообраќајни мерки се изречени на територијата на град Скопје, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила и 22 за возење без возачка дозвола.

Од МВР денеска информираат дека се изречени 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.