Јавната обвинителка Ивана Трајчева поднесе жалба на одлуката за куќен притвор за екс генераланиот секретар на Владата, Драги Рашковски и за сопственикот на компанијата Инвока, Даниел Станчев, осомничени за набавка на сообраќаен софтвер со која направиле штета од околу 180.000 евра.
Трајчева бара мерката куќен притвор да биде заменета со ефективен притвор.
Како што веќе објавивме, Основниот кривичен суд во Скопје вчера им одреди мерка куќен притвор на Рашковски и на Станчев со образложение дека обвинителот не приложил докази дека лицата се имотни и дека може да избегаат.