Очигледна е разликата, додека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот, Владата и институциите предводени од СДСМ се грижат за јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем, се нагласува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.
Всушност, оваа соопштение, само е испратено денеска од Бихаќска, а тоа шапирографски се повторува со месеци и години: Опозицијата во Македонија, според владејачкиот СДСМ, е виновна за се, па и за коронавирусот, за неспособноста на власта да набави вакцини, за тоа што има само 35.000 вакцинирани во Македонија, додека во соседството има милиони имунизирани лица.
Граѓаните имаат право да бидат информирани како владејачката партија ја замајува јавноста со обвинувања за да ја затскрие својата неспособност. И токму затоа и денешното шапирогравско сооопштение од СДСМ го пренесуваме во целост:
ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронавирусот се однесува неодговорно, деструктивно и опасно по здравјето, шири невистини, страв и паника, одмага, ја опструира и поткопува борбата против невидливиот, опасен непријател.
Од белата палата ја манипулираа јавноста дека немало доволно тестови, ширеа паника дека во болниците недостасувало респиратори, кислородни боци и дека немало доволно легла за пациентите заболени од коронавирусот, а од друга страна, со неодговорни изјави дека вирусот не постои, дека нема да се казнува за неносење заштитни маски ги поттикнуваа граѓаните да не ги почитуваат мерките.
Ги кочеа средствата од Светска Банка наменети за инвестиции во здравствениот систем и додека Христијан Мицкоски ги кршеше мерките и одеше кришум по кафеани и теретани, здравствените работници деноноќно се бореа против коронавирусот.
Институциите продолжуваат посветено да се борат против коронавирусот и сега додека тече масовната имунизација на населението, досега се вакцинирани 35.000 граѓани, а пријавени се скоро 160.000.
ВМРО-ДПМНЕ по 11 години негрижа, неинвестирање и сомнителни набавки, го доведе здравствениот сектор пред колапс.
Очигледна е разликата, додека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот, Владата и институциите предводени од СДСМ се грижат за јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем.
Во изминатиот период основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25% , а на здравствени соработници за 15%. Зголемени се капитациите за матичните лекари, стоматолози и гинеколози.
Реновирана е најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години, десетици болници низ државата, укинат е паралелниот увоз на лекови и квотите за лекови на рецепт со што лековите се достапни за граѓаните секој ден во месецот.
ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот која е сојузник на вирусот, која во коронавирусот најде сојузник за печалење евтини политички поени.
Наместо да прави шоу, крајно време е опозицијата да почне да се однесува одговорно кон граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да влезат во Собрание и да се донесат законите за финансиска помош за погодените граѓани од кризата кои се борат за егзистенција.
Со вакво однесување ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да очекуваат уште еден, седми по ред пораз од граѓаните и да останат уште долго во опозиција.
Центар за односи со јавноста на СДСМ