Грозоморни и вознемирувачки фотографии од мало куче обесено на дрво ги згрози граѓаните на Демир Капија, но и пошироко корисниците на социјалните мрежи кои имаа можност да ги видат.
Фотографиите се споделени на Фејсбук на страницата Шепасти ентузијасти, а нивниот статус го објавуваме подолу:
Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај!
Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре.
Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?
ОВА Е СЕКОЈДНЕВИЕТО НА НАШАТА МИЗЕРНА ДРЖАВА!
ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ? ДАЛИ ВИЕ ИМАТЕ ЕМПАТИЈА? ДАЛИ ВИЕ ВООПШТО ИМАТЕ ЧУВСТВА?!??
Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества!
Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ. Доколку некој има дополнителни информации околу истиот, Ве молиме да не контактирате на contact@pawesomenthusiasts.org
Министерство за внатрешни работи
Агенција За Храна И Ветеринарство
Demir Kapija / Демир Капија