Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна мирниот протест пред Владата со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата. Истиот заврши пред Собранието.
Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.
чесниците на протестот носат транспаренти и маици со кои се бара безусловно ослободување на затворените за 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година.