Заев разрешува за пркост, а за криминал унапредува. Заев кој се колнеше во демократија и право на различно размислување, покажа дека е само еден обичен фолирант.
Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со тензиите во Државниот пазарен инспекторат и заканите кон директорот.
-Прв пат кога некој му се спротивстави затоа што од него бара да спроведе неисправна одлука, тој бара разрешување и политичко погубување. Примерот со односот на Заев со Стојко Пауновски е доказ дека Заев не трпи различно мислење, а не пак аргументирано спротивставување. Заев е во паника, не знае како да го одржи мафијашкиот систем кој му се распаѓа и затоа се заканува на сите страни. Ова е матрицата на Заев. Оливер Спасовски на кого му се случија Мафија 1 и 2, во чие време се издавале пасоши на балкански наркобосови е министер, а Стојко Пауновски ќе биде разрешен. Дали ова значи дека првиот работел под негова наредба, а Стојко Пауновски не и затоа се менува? Дали Заев призна дека сите функционери кои прават криминал, скандали и афери и не се сменети е затоа што работат под негова команда и затоа се привилигирани, а оние кои ќе покажат став ќе бидат сменети?! Заев на дело го покаже своето вистинско лице, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.