Преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам.
Тоа е констатирано на средба на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.
-Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час, соопшти владината прес-служба.
Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ со апел да продолжи почитувањето на мерките