Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа шесте натпревари од 31. коло по кое останува неизвесна трката за третата позиција која обезбедува учество во евро-куповите следната сезона.

Новиот шампион Шкендија загуби на домашен терен од Струга, Шкупи и Македонија ЃП одиграа нерешено и останаа на исто растојание на табелата.

Вардар уште еднаш е поразен и во последните две кола само теорија го спасува од испаѓање.

Резултати:
Пелистер – Академија Пандев 3:1
Ренова – Беласица 3:1
Шкендија – Струга Трим Лум 0:2
Шкупи – Македонија ЃП 0:0
Силекс – Борец 1:1
Вардар – Работнички 1:3.

Табела: Шкендија 71 бода, Шкупи 57, Македонија ЃП 52, Струга 51, Работнички 44, Пелистер 41, Борец 37, Силекс 36, Ренова 35, Академија Пандев 35, Вардар 31, Беласица 17. з