Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите објави документ од кој се потврдува дека имало уплата, но не се знае дека имало повраток на средства, од страна на Владата за набавките на кинеските вакцините.
Како што објави порталот Курир, нова димензија добива аферата откриена неодамна од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за скандалозна набавка на вакцини од страна на власта за двојно повисока цена.
На денешниот брифинг со новинарите Мицкоски објави документ трансакција според која власта за кинеските вакцини ќе не чинеле двојно поскапо. Со ова се потврдува целата афера околу обидот на македонската Влада да набави кинески вакцини преку фирмата посредник „Старби“.
Во документот кој го покажа Мицкоски стои дека Владата во февруари годинава на фирмата со седиште во Хонгконг и уплатила 7,8 милиони долари, со тоа излегува дека една вакцина од кинески „Синофарм“ би не чинела 65 долари.
Откако аферата беше обелоденета, од Министерството за здравство тогаш се правдаа дека станува збор за лажен документ кој бил презентиран тогаш. Сега останува нејасно дали по обелоденувањето на аферата парите се вратени, бидејќи според она што денес го презентираше Мицкоски, милионската сума била исплатена.