Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Богдановиќ го одигра најдобриот натпревар во својата НБА кариера, предводејќи го синоќа тимот на Јута до триумф на домашен терен над Денвер со 127:120.
Богдановиќ уфрли 48 поени, реализирајќи притоа осум тројки од 11 обиди, а додаде и осум скокови и две асистенции.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:
Филаделфија – Њу Орлеанс 109 :107
Чикаго – Бостон 121 : 99
Шарлот – Орландо 122:112
Мајами – Минесота 121 :112
Милвоки – Хјустон 141 :133
Далас – Кливленд 110:90
Јута – Денвер 127:120
Феникс – Њујорк 128 :105
Портланд – ЛА Лејкерс 106 :101
Сакраменто – Сан Антонио 104:113.