Влијателниот шпански весник „Марка“ на еден месец до почетокот на ЕУРО 2021 даде своја најава за претстојниот европски шампионат. Во него, шпанските новинари издвоија еден дел и за македонската репрезентација, нарекувајќи ја „Пепелашка“ на претстојното големо натпреварување, пренесува скопски Курир.

Според „Марка“, Македонија е најдобар пример за користење на планот на УЕФА со кој на помалите земји им се даде шанса да станат дел од ееден европски шампионат.

„Македонија ќе биде како Пепелашка на претстојниот европски шампионат, но предупредувањето до ривалите не беше мало – победа на гостински терен потив Германија во квалификациите за СП во Катар. Со Пандев на 37-годишна возраст како лидер, наследниците на Филип Втори и на Александар Македонски го искористија планот на УЕФА за помалите селекции да добијат шанса да стигнат до европското првенство. Балканската селекција е единствената што ќе дебитира, стигнувајќи до ЕВРО 2020 благодарение на успехот во Лигата на Нации“, пишува шпанскиот весник за македонскиот национален тим.