Македонија е без почеток на преговори, политиката на Заев доживеа дебакл, откако стави се на маса и урна позиции глуми патриот, се нагласува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Го пренесуваме целото соопштение од опозициската партија:
Македонија е без почеток на преговорите со ЕУ. Политиката на Заев доживеа дебакл, откако стави се на маса и урна позиции глуми патриот.
Заев ветуваше почеток на преговори со ЕУ, две години тие само што не почнале, а лажеше дека и поглавја се отвораат. Политиката на Заев е една огромна лага и погазување на државата.
Заев го погази идентитетот. Тој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се едно исто, дека имаат заедничка историја и дека македонската историја почнува по 1945 година.
Заев стави се на маса, и откако и тоа не беше доволно, и повторно доби ладен туш, сега сака да глуми патриот.
Се што можеше да се осквернави, Заев осквернави. Сакаше и тргуваше со јазикот, идентитетот и историјата.
Позициите на Македонија се темелно нарушени, и за тоа е виновен лично Заев. Понижувањето на државата е плод на политиката на свиткана кичма на Зоран Заев. Попусти се сега сите обиди да се вади од калта. Наместо тоа потребна е оставка веднаш. Сите политики на Заев се поразени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ