Со назначувањето на новиот премиер во Бугарија, Стефан Јанев сите надежи на Македонија дека конечно би добила датум за почеток на преговори со Европската Унија во јуни годинава и официјално пропаднаа во вода.
– Бугарската рамковна позиција, за ова прашање беше усвоено со консензус од сите политички партии во бугарскиот парламент. Како привремена влада, ние немаме овластување да го промениме тоа. Оттаму, се е во рацете на претставниците на Македонија. Тие многу добро ја знаат бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има било каква промена во следните два или три месеци колку што е мандатот на оваа влада, изјави новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев.
Софија бара од Скопје да признае дека македонската нација и јазик имаат бугарски корени, и да стави крај на анти-бугарската реторика во земјата.
Овие сигнали на привремените бугарски власти значат дека Македонија не може да се надева на преговори најмалку до есен иако министерот Бујар Османи, како и вицепремиерот Никола Димитров најавија дека ќе се обидат да се договорат и со новата техничка влада во Софија.