Ако зависеше од Унгарија, Македонија многу брзо ќе станеше членка на Европската Uнија, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто. Според него, ЕУ не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан.
-Не би сакал да го споредувам унгарскиот став со било чиј друг став. Ставот на унгарската влада е дека со Република Македонија веднаш, значи денес, најдоцна утре, мора да се започнат преговорите за зачленувањето – истакна Сијарто.
Инаку, еврокомесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, кој доаѓа од иста политичка структура како и Сирјато, деновиве истакна дека доколку Македонија не го реши спорот со Бугарија можно е одвојување на земјава од пакетот со Албанија, која, исто така, чека старт на преговорите со Унијата.