По утринскиот метеж на Евзони, Грција околу 13 часот конечно ја крена рампата за влез на странски државјани. Иако беше најавено дека од рано изутрина ќе можат граѓаните да заминат во Грција, сепак тоа се одложи за подоцна. Грчките службеници дури попладнето го добија протоколот Атина за пропуштање граѓани од други држави.
Колони од стотици автомобили од Македонија и Србија, чекаа со часови за влез во Грција. Најголем дел од нив на крај се откажаа и се вратија назад. Српските возила тргнаа за Бугарија, бидејќи таму за нив е отворена границата.
За влез во Грција македонските граѓани кои планираат да го поминат летниот одмор кај јужниот сосед имаат обврска на ден пред влезот, електронски да го пополни т.н локатор за патници. Во него има детални информации за тоа каде бил влезот во земјата, евентуалната претходна посета во други земји и адресата на престој во Грција.Неопходно е странските државјани да приложат потврда дека се целосно вакцинирани со две дози против ковид-19 или дека поседуваат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак да имаат потврда за присуство на антитела. ПЦР тестовите нема да бидат потребни за деца под 5 години. Според грчките здравствени протоколи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, иако тие се уште не се одобрени за користење во ЕУ.
Инаку, Грција веќе една година беше затворена за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските.