Ова е сепак безнадежно додворување кон Западот, вели пратеникот во македонското Собрание Иван Стоилковиќ за протерувањето на рускиот дипломат од Македонија.
– Само четири дена откако македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел побара без одлагања почеток на преговорите со ЕУ, официјално Скопје реши да протера руски дипломат. Иако Заев во Брисел не отишол со „празни раце“, ова е сепак безнадежно додворување кон Западот, изјави Стоилковиќ за Спутник.
Стоиљковиќ, кој е претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, смета дека протерувањето на руски дипломат не е нова ситуација, туку „веќе видено“ во претходната епизода кога руски дипломат беше протеран, според него, исто така без причина.
-Русија тогаш покажа голема христијанска љубов и интелигенција и не одговори соодветно на македонската одлука, но го стори тоа на многу принципиелен и културен начин, не сакајќи да ја доведе Македонија во ситуација да остане без дипломатски претставник во Москва. Во таа смисла, ова е „дежаву“ на истата ситуација каде што Македонија се обидува, од една страна, да му се додвори на Западот и ЕУ и да се покаже како најлојален сојузник, а од друга страна да демонстрира сила пред домашната јавност“, вели Стоилковиќ.
На прашањето дали тоа значи дека Скопје не треба да очекува „награда“ од Брисел за протерувањето на рускиот дипломат во форма на почеток на преговори, Стоилковиќ одговара дека досега сме имале можност да видиме какви награди дошле кога станува збор за Македонија, знаејќи ги сите отстапки што ги направи Македонија во однос на западниот фактор.
– Ова не само што е непринципиелно, туку е однесување што не доликува на сериозна држава и сериозна дипломатија. Последиците од сето тоа ќе се видат наскоро, додава Стоилковиќ.
Овој потег на македонските власти доаѓа по последните случувања кога многу држави, како на пример САД, Бугарија, Украина, Чешка, Словачка, Полска, Литванија, Летонија, Романија, Италија и Естонија одлучиле да протерат руски дипломати по различни причини, пишува Спутник.