По повод 24 Мај Свети Кирил и Методиј , сесловенските просветители и европски заштитници , учениците по македонски јазик од Женева и Веве во Швајцарија приредија свечена приредба.
И покрај сите здравствени услови кои се на сила во моментот, големата желба и морална воспитна обврска на сите инволвирани, родители, ученици и наставници придонесеза успешно одбележување на овој мошне значаен датум за македонската и словенска писменост.
Посебно за истакнување е ангажираноста на наставничката од Веве, каде за минимум време успеа да ги подготви штотуку запишаните нови ученици.
И покрај сите тешкотии и препреки од најразлична природа поврзана со (не)испраќање на наставник од Македонија веќе две години, Македонците во Швајцарија сепак успеваат да изнајдат решенија во најкритичните моменти по тоа прашање.
Светата мисија на солунските браќа Кирил и Методиј за просветување и создавање азбука и сопствен јазик за преточување на мислите наоѓа своја плодна подлога кај сите Македонци каде и да биле во светот.
Нека ни е среќен и честит за векови овој ден и светата мисија за изиучување на македонскиот јазик биде непрекинато продолжение на делото на солунските браќа.
Да живее Македонија!
Унија на Македонските училишта во Швајцарија