Поранешниот американски бејзбол-играч Алекс Родригез ја претстави својата нова линија козметички производи за мажи. Ова е плод на соработката со брендот „Химс енд хрс“, и се работи за коректори на „недостатоци“ на лицето, во 8 нијанси.

Родригез и неговата доскорешна свршеница Џенифер Лопез лани вложија парични средства во „Химс енд хрс“. И, иако во меѓувреме парот ја раскина свршувачката, Алекс не се откажа од заедничкиот бизнис.

– Сакав да создадам производ што ќе ми го реши проблемот со којшто се соочував секој ден… Сфатив дека, како што „скокам” од состанок на состанок, ми треба нешто брзо и лесно во секојдневието за прикривање дамки и рани од бричење, вели Родригез во своето промотивно видео на Инстаграм.

Производот чини 17 долари и, како што вели описот, направен е од состојки како што се алое и масло од семе од козјо оревче, кои помагаат во смирување и хидрирање на кожата.