Полицијата врши претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение дека оддале службена тајна и злоупотребиле државна, службена или воена тајна.
Станува збор за полицајци осомничени дека тие се изворот на аферата за рекетот од 250 000 евра во РЕК Битола и исфрлањето на делот од пријавата во која се споменува Вице Заев. Двајца од полицајците се приведени.
МВР информира дека ова е преземено по наредба по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ.
-Извршени се и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.