Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден санкционира 687 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 124 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Како што информира МВР, најголем број од санкциите 114 се изречени на територија на СВР Тетово, 101 на територија на СВР Куманово, а 98 на територија на СВР Штип.
Од МВР најавуваат дека и во следните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.