Македонец бил приведен од бугарската полиција во својот стан во градот Левски поради тоа што го урнал споменикот на Хан Аспарух, објави бугарскиот весник Труд.
Уривањето, според весникот, било извршено во неделата во раните утрински часови. Тоа било снимено од безбедносните камери, а вработени во општината ја подигнале плочата, но за настанот не ја известиле полицијата.
Локалните жители сметаат дека „мотивот на Македонецот бил омраза кон сè бугарско“.