Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на денешното рочиште во Судот каде Зоран Заев го тужи за клевета дека тој е врвот на рекет пирамидата тешка 20 милиони евра, се обрати до медиумите при што истакна дека од страна на Судот не му било дозволено да постави едно прашање.
Николоски рече дека станува збор за „клучно прашање“:
– Дали Зоран Заев, и како политичар, но и како бизнисмен, би дал барем едно евро, а не тешки милиони, на сомнителен лик како Бојан Јовановски, доколку позади тоа не стои силен политички притисок, рекет и изнуда, рече Николоски.
За жал, додаде Николоски судот не дозволи прашањето да се постави, бидејќи како што вели одговорот им е јасен на сите.