Премиерот Зоран Заев изјави дека изненадувањето од ДУИ ќе била убава работа.

Заев рече дека знае за што зборува ДУИ, но не сака да открие детали бидејќи тоа е агенда на ДУИ.

Тој рече дека ДУИ прави промени кои ќе донесат позитивен момент во целата држава, но дека не сака да зборува за детали.

Утрово повеќе медиуми објавија дека ДУИ планира „големо изненадување“ и дека тоа ќе биде предлог за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Скопје кој ќе биде етнички Албанец.