Драги Рашковски влијаеше врз обвинети како да се однесуваат и да ги манипулираат обвинителите, која е гаранцијата дека нема повторно?- прашува денеска ВМРО-ДПМНЕ, по пуштањето на екс секратарот на Владата од Шутка во домашен притвор.
Ја објавуваме реакцијата во целост:
Рашковски праќаше пораки до обвинетите кога комуницираат со него да пишуваат со стручна терминологија за да не ги разберат обвинителите.
„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Ова е пораката која Драги Рашковски ја испратил до газдата на Инвока, фирма од која тој како Генерален секретар од страна на Генералниот секретаријат на владата го набавил софтверот кој сам го патентирал. После оваа порака на Драги Рашковски му е преиначен куќниот притвор во затворски. Оваа порака индицира дека Рашковски и газдата на Инвока имаат нешто да сокријат од ЈО.
Која е гаранцијата дека Рашковски кој вршел влијание врз обвинети и сведоци, нема да го стори истото повторно?
Како ЈО се уверило дека Рашковски нема да влијае врз постапката, сведоците, и доказите?
Рашковски е под сомнение дека извршил набавки и на неколку други софтвери каде има сомнеж за корупција.
Рашковски е фатен со рацете во медот. 4 години Рашковски и Заев прават криминал и корупција, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ