И додека граѓаните лекаат на ред за вакцина против Ковид-19, политичарите не само што добиваат и втора доза, туку не пропуштаат за тоа да се испофалата и на социјалните мрежи.

На вакциналниот пункт во Куманово утрово ја примив втората доза од вакцината на Синофарм, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19.

– Ве повикувам да го сторите истото, сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19. Граѓаните кои досега не се регистрирале, тоа може да го сторат на www.vakcinacija.mk, истакна Спасовски.

Во изминатиов период имавме можност да ги видиме засуканите ракави за вакцинирање на речиси сите политичари од државниот врв на Македонија. Пораките им беа идентични, само маиците во кои се сликаа малку поразлични.