Некои американски милијардери меѓу кои се и најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Макс, во изминатите 15 години повремено успевалед да избегнат федерален данок на доход, објави ПроПублика.
ПроПублика, портал кој се занимава со новинарски истражувања, ги црпи своите податоци од опширни „тајни“ материјали добиени од Даночната служба на САД (ИРС). Досега се сметаше дека даночните информации од официјалните органи на САД се тешко достапни.
Така на пример, Безос, основач на Амазон и најбогатиот човек во светот, не платил федерален данок на доход во 2007 и во 2011 година. Основачот на Тесла, Илон Маск, втор на листата светски милијардери, избегнал да плати данк во 2018 година. Истото може да се каже и за Мајкл Блумберг, инвеститорите Карл Ајкан и Ворен Бафет, како и финансиерот Џорџ Сорос, при што последниов успеал да избегне уплата на федерален данок на доход три години по ред.
Добиените информации го порекнуваат митот дека даночниот систем на САД е фер, коментираат од ПроПублика. Податоците од ИРС укажуваат дека најбогатите луѓе плаќаат сосем мали суми споредено со нивното богатство, и тоа се прави легално. Тие користат стратегии за избегнување данок недостапни за обичните луѓе.
Богатството на милијардете произлегува од вредноста на нивниот капитал, акции и сопственоста. Според американските закони, данок се плаќа во случај на продажба на тие активи.
Во изминатите години просечно американско семејство заработува околу 70.000 долари годишно и плаќа 14 проценти федерален данок. За доход повисок од 628.000 долари од оваа година во сила е даночна стапка од 37 проценти, но според ПроПублика податоците укажуваат дека супербогатите успешно го заобиколувале системот.
Најбогатите 25 Американци, според рејтингот на Форбс, од 2014 до 2018 година станале побогати за 401 милијарда долари но платиле 13.6 милијарди долари, или само 3.4 отсто.
Закоодавци во американскиот Конгрес во март претставија нацрт-закон за оданочување на супербогатите. Според авторите, економијата со тоа ќе стане поправедна и од тие даноци за десет години ќе се соберат околу три трилиони долари. Во случај на донесување на овој закон стоте ајбогати Американци во 2021 година би требало да платат 78 милијарди долари данок на доход.
За да заштеди повеќе, Маск лани во декември одлучи да се пресели од Калифорнија во Тексас, каде нема државен данок на доход.