Стапката на невработеност на крајот на првиот квартал од 2021 година падна на историски најниско ниво од 16 отсто тврди СДСМ во период кога без работа останаа десетици илјади работници во Македонија во изминатата и оваа година.
Економските мерки и политики што ги реализира Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат резултати, истакна на денешната прес-конференција Димитар Ковачевски, член на Извршен одбор на СДСМ. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:
Тоа е потврдено и преку бројни статистички податоци од надлежните институции.
Навремените и ефикасни економски мерки што ги преземавме за време на кризата со коронависрусот придонесоа последиците да бидат надминати и денес да имаме економија која е стабилна, динамична и развојна.
Стапката на невработеност на крајот на првиот квартал од 2021 година падна на историско најниско ниво од 16 отсто.
Истовремено, стапката на вработеност, втор квартал по ред се зголемува. Од 46,8 отсто на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1 отсто.
Ова значи дека во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше под удар од коронакризата, кај нас се отворија околу 3.500 нови работни места.
Платите континуирано растат и во услови на пандемија.
Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8 отсто е повисока од истиот месец во 2020 година.
Расте и индустриското производство, кое во април оваа година бележи раст од 46,1 отсто. Трендот е нагорен и очекуваме наскоро да го надминеме нивото од 2019 година.
Забележан е и раст на извозот. Во перидот јануари – април 2021 година тој е зголемен за 4а платитеа платите0,7 осто во однос на истиот период 2020 година
Сите економски податоци потврдуваат дека македонската економија е стабилна и ќе расте.
Следува период на забрзан економски раст кој ќе го стимулираме преку Интервентниот план за инвестиции со вкупна вредност од околу 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.
Овој план предвидува реализација на клучни проекти кој ќе придонесат кон градење на брзо растечка економија.
СДСМ како одговорна партија продолжува да креира и реализира мерки и политики, кои обезбедуваат стабилност, одржливот на македонската економија и повиоски стапки на економски раст.